04.12.2018
Живот
Мувла одложи лансирање на ракета
Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) за утре го одложи лансирањето на вселенската сонда „Драгон“, која треба да однесе контејнер со намирници за екипажот на Меѓународната вселенска станица.
Како што соопшти НАСА, лансирањето е одложено затоа што на некои од намирниците била откриена мувла.
- На тимовите им е потребен дополнителен ден за замена на намирниците - се вели во соопштението на НАСА.
Лансирањето на сондата „Дагон“ со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс екс“ од космодромот „Кејп Канаверал“ на Флорида беше закажано за денеска во 19:38 часот по средноевропско време.
Сондата „Драгон“, која треба да пренесе храна, резервни делови и опрема за научни истражувања, утре треба да го има својот 16. лет до Меѓународната вселенска станица.
Извор: МИА