Принцот Филип, војвода од Единбург, сопруг на кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора, почина утринава, известија од кралското семејство.
Принцот Филип починал мирно во замокот „Виндзор“.
Принцот Филип беше роден на 10 јуни 1921, на Крф.
Кралското семејство додаде во соопштение дека дополнително ќе бидат објавени повеќе информации за смртта на принцот.
Извор и фото: royal.uk