X
 23.09.2020 Живот

Работниот ден на професионалната двојничка на кралицата Елизабета Втора

Секое телевизиско појавување на британската кралица Елизабета Втора подразбира многу подготовки и вежбање. Но кралицата се појавува само за главниот настан, а планирањето се прави без нејзино присуство. Тука стапува на сцена Ела Слак, професионалната двојничка на кралицата која е дел од подготовките за сите настани на кои учествува кралицата.

Слак мавта, седи и стои на местото на нејзиното височество последните 30 години, а со тоа им овозможува на камерманите и продуцентите подобро да се подготват за настаните во живо на кои присуствува кралицата. 

Како што самата објаснува во видеото подолу, таа не наликува на кралицата во лицето, туку во изгледот и држењето на телото.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот