Серијата „Круната“ (The crown) ќе се врати на „Нетфликс“ на почетокот од ноември.
Серијата, која ја раскажува приказната за животот на кралицата Елизабета Втора, ќе ја добие својата најнова, петта сезона на 9 ноември.
Серијата ќе излезе по околу 2 месеца од смртта на кралицата. Продукцијата на шестата сезона била суспендирана дента кога почина кралицата и на нејзиниот погреб.
Во најновата сезона Имелда Стонтон ќе ја толкува улогата на кралицата Елизабета Втора. Во првите две сезони Клер Фој ја играше младата Елизабета, додека во третата и четвртата сезона улогата ѝ припадна на Оливија Колман.
Улогата на принцезата Дијана сега ќе ја игра Елизабет Дебицки, додека принцот Чарлс ќе го толкува Доминик Вест. Лесли Менвил ќе биде принцезата Маргарет, а Џонатан Прајс е принцот Филип.
Петтата сезона треба да се фокусира на 90-тите години, кога се распадна бракот на Чарлс и Дијана.
Серијата досега освоила 22 награди „Еми“.
Извор:
Huffpost
Насловна фотографија: Twitter