X
 09.04.2022 Наука

Печурките комуницираат меѓу себе со околу 50 збора, велат научниците

Мислиме дека печурките се тивки, но ново истражување покажува дека тие може да комуницираат меѓу себе. Математичка анализа на електрични сигнали кои ги испраќале печурките открила шеми што потсетуваат на човечкиот говор.

Претходни истражувања покажале дека печурките разменуваат електрични импулси преку долги подземни структури кои функционираат слично на нервните клетки кај луѓето. Било покажано дека импулсите се зголемуваат кога подземните структури доаѓаат во допир со дрвени пречки, што истражувачите го толкувале како начин на кој печурките си споделуваат информации за храна или повреди.

Новата математичката анализа била спроведена од страна на професорот Ендру Адамацки од Универзитетот во Западна Англија. Неговото истражување открило дека зголемувањето на електричните импулси наликува на зборови.


Фото: Pixabay

Поточно, можеле да се препознаат околу 50 различни збора. Еден вид печурки што растат на старо дрво создавале најкомплексни „реченици“ од сите печурки што биле анализирани.

Според Адамацки, најверојатната причина за брановите на електрична активност е да се одржи интегритетот на печурките, на сличен начин како волците што завиваат за да го задржат интегритетот на глутницата. Освен тоа, можна причина може да биде споделувањето нови информации. Третата опција е дека печурките не зборуваат ништо, туку електричните импулси се резултат на други природни процеси.

Извор: The guardian
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука