X
 03.05.2015 Наука

Неверојатна природа - оса која личи на панда


Оваа харизматична мравка е пронајдена во 1938 година и потекнува од централниот дел на Чиле. Всушност, таа не е мравка туку припаѓа во групата на бескрилни оси. Нејзиното латинско име е Euspinolia militaris и се вика панда-мравка поради што нејзиното тело е шарено како пандите.

Тие се многу активни инсекти и се хранат со нектар. Поради нивната специфична исхрана панда-мравките се во постојано движење. Достигнуваат должина до 8 милиметри.


Карактеристично е тоа што кај нив присутен сексуален диморфизам со што се отежнува можноста за разликување на полот. Мажјакот е многу поголем во споредба со женките. Размножувањето е со јајца од кои се испилуваат ларви. Потоа од ларвите настануваат панда-мравките.

Иако се многу слатки за оси не ги земајте во раце бидејќи нивните влакна предизвикуваат силна болка. Тие со нивните живи бои ги предупредуваат другите животни дека се опасни и отровни.

Извор: Optimum Naturae


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука