X
 08.09.2016 Здравје

Билки за здрав респираторен систем

Често се соочуваме со респираторни болести, кои ги третираме со соодветна терапија, а таа подразбираа користење на антибиотици. Но, може да дојде и до резистенција на антибиотиците доколку често се користат. Природата нуди начини на кои може да се справите со инфекциите и болестите на еспираторниот систем. 

Ова се неколку билки кои помагаат во намалувањето на штетите од болестите, а и како превенција.

1. Канабис 

Есенцијалните масла кои ги содржи канабисот помагаат во лечењето на канцерот, според најновите истражувања, а ова се смета за најтешко заболување на респираторниот систем. Состојките кои ги содржи канабисот о хранат имуниот систем и му помагаат да се бори против болестите и инфекциите. Оваа билка помага и при болести на синусите, како и астма.

2. Мајчина душица 

Многу моќно растение кога се работи за инфекции на респираторен систем. Се смета за природен антибиотик, кој ги елиминира бактериите и вирусите. Често се користи и како средство за превенција.

3. Оригано

Ориганото најчесто се користи за проблеми со синусите, поради компонентите кои ги содржи. Многумина го препорачуваат маслото од оригано при борбата со болестите на респираторниот тракт.

4. Еукалиптус

Потекнува од Австралија, но еукалиптусот го користеле и Германците и Америкаците. Најчесто се користи за справување со болката во грлото. Еукалиптусот ги прочистува и освежува респираторните патишта, а содржи и антиоксиданси, кои многу помагаат за подобрување на имуниот систем за време на грип и настинки.

5. Нане

Речиси и да нема кој не конзумира чај од нане. Овој природен лек често препорачуван и од старите, содржи состојки како на пример ментолот, кои ги релаксираат мускулите во респираторниот тракт и го олеснуваат дишењето. И нането е антиоксиданс кој го зајакнува имуниот систем и се бори против штетните бактерии и инфекции.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје