X
 12.12.2020 Наука

Градбите направени од човекот сега се потешки од целиот жив свет на Земјата

Наследството на човештвото на Земјата е огромно. Доколку ги пресметаме сите изградени патишта, куќи и облакодери, ќе заклучиме дека тие имаат маса еднаква или поголема од масата на целиот жив свет на Земјата.

Истражувачи на научниот институт „Вајзман“ во Израел ги направиле овие пресметки и откриле дека градбите на човекот сега имаат поголема маса од онаа на сите живи суштества на планетата. Поточно, антропогената маса, односно масата направена од човекот, ќе ја надмине биомасата оваа година.

Според истражувачите, антропогената маса би можела да биде двојно поголема од биомасата до 2040 година. Еден од авторите на истражувањето, Рон Мило, порачува дека не треба да заборавиме дека нашата улога е мала во споредба со онаа на огромната Земја.

Истражувачите посочуваат и на зголемената употреба на бетон и агрегати како градежни материјали како главен дел од антропогената маса.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com 
Насловна фотографија: Pexels
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука