X
 09.04.2022 Живот

Стресот ви се зголемува кога се обидувате да се опуштите? Не сте единствени

Дали некогаш сте се обиделе да се опуштите, но на крајот сте под поголем стрес и имате негативни мисли? Се чини дека многумина се соочуваат со овој проблем, а за него се појавила и кованица во англискиот јазик stresslaxing, што е спој од зборовите стрес и опуштање.

Овој нов збор ја опишува анксиозноста која се појавува кога се обидуваме да се релаксираме. Се проценува дека 30-50 отсто од луѓето се соочуваат со овој проблем кога се обидуваат да одморат. Во поекстремни случаи ова може да доведе до понегативни чувства и панични напади. Некои истражувања посочуваат дека луѓето што се анксиозни почесто се соочуваат со проблемот, но има и други причини за оваа појава.

Одбивате дека сте под стрес

Претворањето дека одреден проблем не постои е една од најмалку ефективните стратегии за намалување на стресот. Кога одбивате дека сте под стрес, вашето тело продолжува да испраќа сигнали за да преземете акција и затоа обидот за опуштање доведува до поголем стрес.


Фото: Pixabay

За да го решите проблемот, прифатете ги симптомите на стрес и запишете ги најдлабоките мисли поврзани со стресот за подобро да го разбере изворот. Обидете се и со различни активности за опуштање од оние на кои сте навикнати.

Се грижите за она што го кажуваат другите

Некои луѓе работат напорно само за да добијат признание од другите, а ова може да биде причина за прекумерна работа која доведува до стрес. Соодветно на тоа, опуштањето може да ви биде потешко и постресно затоа што чувствувате дека залудно го трошите времето или сте загрижени дека луѓето ќе имаат лошо мислење за вас.


Фото: Pixabay

Правењето кратки ментални паузи може да биде ефективно решение за овие луѓе. Кратките паузи може да ви помогнат да се одморите и да се опуштите без да пропуштите нешто.

Не може да се одлучите

Некои луѓе постојано анализираат повеќе опции, без разлика што прават. Ова може да се случи и кога се обидувате да одберете активност за опуштање, па дури и откако сте одбрале нешто. Затоа, додека размислувате за опциите, вие не се опуштате, туку само го зголемувате стресот.

За да се ослободите од оваа навика, ограничете го бројот на одлуки што треба да ги донесете во текот на денот кој ви е за опуштање или испланирајте колку долго ќе правите одредена активност. Конечно, потсетете се дека се обидувате да се опуштите бидејќи вашето здравје е важно.

Извор: World economic forum
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот