X
 18.04.2022 Култура

Предлози за филмови што ќе ви помогнат да го намалите стресот

Кога сте под голем стрес со денови, недели или месеци, уморни сте и чувствувате дека ништо не правите како што треба. Во овие ситуации најдобро е да се одморите, без разлика колку работа имате. Во продолжение се дадени неколку филмови што може да ви помогнат да се релаксирате.

„Животот на Пи“

Овој филм, кој изгледа авантуристички, крие порака која може да ви помогне да се мотивирате. Пи поминува низ најтешкиот период од животот кога останува без семејството по бродолом. Тој преживува со неколку животни, со кои ги дели остатоците од бродот среде океанот. Но дали тие животни навистина постојат или Пи ги измислува, погледнете самите.


„Пијанист“

Главниот лик во филмот е под поголем стрес. Станува збор за млад пијанист кој го сака семејството, а само поради религијата, поминува низ хорор за време на Втората светска војна. Режисер е Роман Полански, а во филмот тој покажува како еден обичен човек се бори за да преживее и да го продолжи нормалниот живот. Филмот бил инспириран од вистински настани.


„Кажи да“

Хуморот и инспиративната приказна го прават филмот идеален за опуштање. Џим Кери ја игра улогата на човек кој постојано е намуртен и не ги гледа убавините на светот околу себе. Тој одеднаш се претвора во човек кој позитивно одговара на сите прашања, а тогаш се менува и неговиот живот.


„Прекрасен ум“

Генијот игран од Расел Кроу нема едноставен живот поради менталната болест со која се бори. Тоа не го спречува да продолжи со научната работа.


Комедија

Без разлика дали се работи за „Глупавиот и поглупавиот“ или некоја друга комедија, ваквите филмови секогаш се добредојдени кога сте под стрес.


Извор: Studomat
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура