X
 10.10.2019 Живот

Доказ дека нема поубав уметник од природата - зајдисонце што го одзема здивот

Двајца пријатели биле сведоци на прекрасна глетка во текот на нивниот последен ден од планинарењето на апалачката планинска патека, која е позната по природната убавина. Патеката се протега помеѓу планината Спрингер во сојузната држава Џорџија и планината Катахдин во сојузната држава Мејн. Патеката ја одржуваат разни организации, државните служби за одржување на националните паркови и шуми и непрофитната организација „Заштита на апалачката патека“.

Патот поминува низ шумски области и дивина и е место на најубавите природни појави. На видеото подолу можете да видите една таква глетка. Тоа е доказ дека природата навистина е чудесна и тоа ни го покажува секој ден. Понекогаш е доволно да погледнете во небото и да видите прекрасни облаци во интересни форми.

Некогаш тоа е виножитото по дождот, а некогаш обичното зајдисонце. Двајцата пријатели успеале да ја снимат глетката на апалачката планинска патека, а баш во тој момент еден лос им скокнал во кадар и целата приказна ја направил уште помагична. Погледнете го видеото и уверете се сами.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот