X
 09.05.2020 Живот

13 оздравени пациенти, 36 нови случаи со Ковид-19

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на Ковид-19.

Оздравените пациенти се во следните градови:  Скопје (6), Куманово (2) и по еден пациент од Прилеп, Тетово, Македонски Брод, Пехчево и од Виница.  


На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58-годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.


Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 419.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот