Инвестициската компанија „Вангард“ ќе им доделува бонус во вредност од 1.000 долари на вработените кои ќе се вакцинираат.
Компанијата вработува 16.500 лица во САД, а за да се добие бонусот треба само да се покаже доказ од вакцинација против коронавирусот најдоцна до 1 октомври.
Од компанијата изјавиле дека според нив, вакцините се најдобар начин да се стопира ширењето на коронавирусот и затоа ги охрабруваат сите вработени да се вакцинираат со најавениот бонус. Бонусот има цел да ги награди оние што издвоиле време да се заштитат себеси, другите и општеството, изјавиле од компанијата за Си-ен-ен.
Претходно „Макрософт“, „Фејсбук“ и „Гугл“, како и други компании, изјавиле дека ќе бараат од вработените да се вакцинираат пред да се вратат во канцелариите. Други компании финансиски ги мотивираат вработените да се вакцинираат, како „Вангард“.
Извор:
CNN
Фото: Pixabay