X
 24.06.2021 Живот

Срби напаѓаат возила што прскаат против комарци зашто „прскале корона“

Во вторникот кај стадионот во Винча, Србија, неколку лица ја нападнале екипата на тамошното комунално претпријатие, која прскала против комарци. Пред неколку дена сличен напад се случил и во Сремчица.

Лицата кои ја нападнале екипата која прска против комарци се обиделе да го уништат возилото и тврделе дека со него се прска коронавирус.

-Недоверливиот сограѓанин го запре возилото на комуналното претпријатие, инсистираше да види налог, но и кој, зошто и што прска и на многу непријатен начин изрази сомнеж дека со сузбивањето на комарците всушност се спроведува терористички напад - стои во соопштението на комуналното претпријатие, од каде додаваат дека напаѓачот рекол дека сака да има комарци и дека не му пречат, но дека веќе не сака да ги види комуналците во неговиот крај или во спротивно се заканил дека нема да излезат живи.

Најавено е дека против напаѓачите ќе бидат поднесени кривични пријави. Нападот е пријавен во полиција, а тамошната комунална милиција со помош на полицијата отсега ќе реагира на секој напад.

На снимката може да се види еден од хулиганите.




Извор: B92 | gradskacistoca.rs
Насловна фотографија: gradskacistoca.rs

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот