Украинскиот професор Федир Сандор продолжува да им држи предавања на своите студенти додека се бори на военото поле.
Сандор е професор на Ужгородскиот национален универзитет, доктор по филозофија и шеф на катедрата за социологија и социјална работа. Фотографија на која професорот е облечен во униформа и носи пушка стана популарна на интернет бидејќи тој им држи виртуелно предавање на своите студенти додека се крие во ров.
- Овој човек го гледам како херој не само денес, туку и за иднината на младите студенти кои засекогаш ќе го помнат по она што го прави - напишал еден корисник на „Твитер“.
Неговиот универзитет соопштил дека професорот се пријавил да се бори на првиот ден од војната со Русија. Наводно, тој сега се бори на неодредена локација во источниот дел од земјата. Откако му било дозволено да се бори, тој постигнал договор да продолжи да предава додека се бори.
- Во војската сум 70 дена. Отидов во воената канцеларија веднаш по 24 февруари. Но не се откажав од наставата за студентите. Не пропуштив ниту еден час. Секогаш повеќе сакам утринска настава бидејќи потоа имам време за други обврски - изјавил тој.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter