X
 19.01.2022 Забава

Професор откажал тест по илјадници коментари добиени на видео

Нема многу ученици или студенти што сакаат испити пред зимските празници. Тоа го знае и Џош Честин, професор во средното училиште „Лебанон џуниор“ во американската сојузна држава Охајо.

Професорот објавил видео пред зимските празници во кое открива дека ќе го откаже последниот тест ако професионален спортски тим му коментира на објавата. Неговото видео станало популарно и било прегледано десетици милиони пати.

Она што е најбитно, на него имало и коментари од спортски тимови и тоа од официјалниот профил на Олимписките игри, „Детроит лајонс“, „Чикаго берс“, но и компании како „Валмарт“, „Пицахат“ и многу други. Во коментарите има повици за откажување на сите тестови до крајот на годината и многу поздрави од разни земји во светот.

На видеото има над 230.000 коментари. Секако, професорот немал друг избор освен да го откаже последниот тест.

@mr_chasteen101 Will their Christmas wish come true?? #HappyHolidays #fyp ♬ original sound - keely


Извор: Dnevnik
Фото: Tiktok (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава