X
 09.05.2022 Живот

Златниот фудбалски мундијалски трофеј пристигнува во Македонија

Оригиналниот и единствен златен трофеј што му се доделува на победникот на светското фудбалско првенство, на 21 мај ќе пристигне во Македонија. Сите вљубеници во фудбалот, кои сонуваат да го видат трофејот, ќе имаат единствена можност да го видат во Пивара Скопје. 

Оригиналниот трофеј изработен од чисто злато ќе пристигне во Скопје заедно со амбасадорот на ФИФА, Жилберто Силва, како дел од светската турнеја.

„Ова е, несомнено, настанот на годината, каде што сите фудбалски фанови стануваат едно и ја доживуваат магијата на фудбалот во живо! Почнувајќи од Дубаи, преку Скопје, па сè до Буенос Аирес, турнејата на оригиналниот трофеј е моментот што ќе ја разгори фудбалската магија во која веруваме со толку голема страст и која може да биде преточена во реалност, изјави Мартин Атанасовски, сениор бренд-менаџер во The Coca-Cola Company.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот