Бутан стана првата земја во светот што ги забрани продажбата на тутун и пушењето на јавни места во 2004 година. Во 2010 година оваа држава ја забрани продажбата на цигари. Така почна тренд за ограничувања на консумацијата на цигари во многу земји.
Меѓу нив е и Сингапур, која го забрани пушењето цигари на јавни места од 2013 до 2017 година. Група истражувачи го оценија влијанието на оваа мерка врз бројот на срцеви удари и посочуваат дека тој број е намален по донесувањето на мерката.
Истражувачите пресметаа дека доколку не била донесена мерката, би се случиле дополнителни 19.591 срцев удар кај лицата постари од 65 години и 1.325 кај оние помлади од 95 години. Анализата покажа дека најголема поволност од мерката имаа постарите жители и мажите.
Претходни истражувања спроведени низ светот покажаа дека мерките за забрани за пушење го намалуваат ризикот од срцев удар за просечно 13 отсто.
Според процени од Светската здравствена организација, пушењето цигари убива над 8 милиони луѓе годишно во светот. Околу 1,3 милиони од овие смртни случаи се на непушачи кои се изложени на чад од цигари.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay