Ризикот од срцев удар кај мажите и жените се зголемува со возраста, а д-р Лиза Ферведер, истражувач на кардиоваскуларни болести во клиниката „Мајо“, тврди дека жените кои поминале низ менопауза, без разлика на нивната возраст, имаат најголем ризик од срцев удар. Како што вели таа, причината за тоа е што нивото на естроген се намалува по менопаузата, а жените треба да внимаваат на здравјето на своето срце по истата.
Како естрогенот помага во заштитата од срцев удар?
Лекарката вели дека естрогенот помага во заштитата од срцев удар, со тоа што го спречува воспалението што придонесува за таложење на наслаги во коронарните артерии, а бидејќи нивото на естроген нагло опаѓа по менопаузата, работите се менуваат. Значи, што треба да направат жените во постменопауза за да останат здрави? Лекарката нагласува дека е неопходно да се внимава на факторите на ризик, а контролата на следните работи може значително да го намали ризикот од срцев удар:
-контрола на крвниот притисок
-нивото на холестерол
-одржување на здрава телесна тежина
-редовно вежбање
-откажување од пушење.
Извор: net.hr
Фото: Freepik