X
 09.06.2023 Живот

Утре почнува онлајн аплицирањето за упис во средните училишта

За оптимизирање на процесот на уписи во средните училишта во државава, Министерството за образование и наука и оваа година овозможува дигитална услуга за електронско аплицирање.

-Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk. Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk. Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страницата за логирање/најава - соопштува МОН.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од утре, 10 јуни 2023, во 10:00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21 јуни 2023 г. , најдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.

Во периодот додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да прават ажурирање, измени и дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите. Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 г. на интернет-страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребната документација во училиштата е на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот