X
 30.08.2016 Култура

Пристигнува серијата "Westworld" - сериозна конкуренција на "Game of thrones"

Познато е дека „HBO“ не прави серии за оние со слабо срце, а се чини дека традицијата ја продолжува и со својот најнов проект, серијата „Westworld“. Се работи за научно-фантастична драма на Џонатан Нолан во која главните улоги ги толкуваат Ентони Хопкинс и Еван Рејчел Вуд.

 

трејлер


Приказната се одвива во забавен парк во кој роботите и луѓето живеат едни покрај други не знаејќи кој е кој. Неодамна се појави и новиот трејлер за оваа серија. Во епизодите ќе се појават и Ед Харис, Џејмс Марсден, Џефри Рајт и Танди Њутон.

Под продукциска палка на Џ.Џ.Абрамс и Џери Веинтрауб

„Westworld е мрачна одисеја за зората на уметничката свест и еволуцијата на гревот која го истражува светот во кој секој вид на човечка потреба, без оглед дали се работи за најниски страсти или доблесни активности, може да биде ослободена“, најавуваат од „HBO“.

Секоја епизода ќе трае еден час, а вкупно во една сезона ќе има 10 епизоди. Освен Нолан, на серијата ќе работи и Лиса Џој, а и двајцата се јавуваат како продуценти, додека Нолан дури и режирал неколку епизоди. Заедно со нив, за продукцијата потпишуваат и Џ.Џ.Абрамс, Џери Вајнтрауб и Брајан Бурк - што ни покажува дека станува збор за прилично сериозен научно-фантастичен материјал.

Серијата е базирана на друга тв серија од 1972 година напишана и режирана од Мајкл Крајтон, човекот кој го помниме по блокбастерите како Џурасик Парк.

Интересно е тоа што премиерата на серијата, која сега е закажана за на есен, била одложена и тоа два пати поради продукциски проблеми. Премиерата на првата епизода е закажана за 2 октомври.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура