Група студенти од универзитетот „Карнеги Мелон“ развиле автономен робот наречен „Тартан пест“ кој може да уништи инвазивен вид инсект кој уништува важни посеви.
Роботот се состои од електричен трактор, роботска рака и камера. Тој се движи нив полето и ги открива и уништува јајцата на инсектите со помош на ротирачка четка. Доколку не се уништат, јајцата на инсектите секоја година раѓаат нова генерација штетници. Компјутерскиот дел од роботот користи модел за длабинско учење и податоци собрани со 700 фотографии од јајца на инсектите за да ги идентификува и уништи истите.
Штетните инсекти прават штета вредна 300 милиони долари годишно само во сојузната американска држава Пенсилванија. Затоа роботот може да се покаже исклучително корисен за малите и големи фармери.
Автономниот робот може да помогне во различни сфери, вклучително и намалување на хемиската контаминација на посевите, зголемување на ефикасноста на фармата и намалување на трошоците за работна сила.
Извор:
Pametni gradovi
Насловна фотографија: Pixabay