X
 24.10.2015 Образование

Студентите од целиот свет ја добија битката на јужноафриканските студенти

Помислата на зголемување на школарините е застрашувачка за сите студенти низ светот. За јужноафриканските студенти, ова е грижа која трае подолг период. По предлогот за зголемување на студентската школарина за 11% во земјата, студентите се собраа на протести завчера, вчера и денес. Но, тие не беа сами.


Стотици британски студенти се појавиле пред амбасадата на Јужноафриканска република во Лондон вчера да бараат враќање на старата школарина, а млади луѓе од целиот свет се вклучија во солидарната акција преку „Твитер“, обединувајќи се под #FeesMustFall.



Студентите од Њујорк денес одат на марш за да ја дадат својата поддршка. Се чини дека сите овие активности се исплатат. Според „Телеграф“, студентската унија во Јужноафриканска република имала средба со претседателот на земјата, Џејком Зума, кој прогласил укинување на новата школарина во период од најмалку една година. Тоа не е трајно решение, но сепак се добри вести.





Инаку, просечната школарина во Јужноафриканска република изнесува околу 2.000 евра во зависност од универзитетите, додека просечните црни семејства зараборуваат 6 пати помалку од белите, поради што црните студенти немаат еднакви можности за студирање.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование