X
 06.07.2015 Образование

45.000 студенти од Хрватска со иницијатива за промена на Законот

Голем дел од универзитетите и високите школи во Хрватска, односно 45.000 студенти започнуваат иницијатива за измена на Законот за високо образование бидејќи нивната титула „стручен специјалист“ не е препознаена на пазарот на трудот во Хрватска и странство. Впрочем, ова е единствената земја која е членка на ЕУ, а го дискриминира тој дел на студентите.


Водичот на Канцеларијата за односи со јавност на Студентскиот парламент Маро Алавања вели дека постои информација дека Законот за високо образование ќе биде променет во наредните месеци, но Студентскиот парламент сепак започнува иницијатива со која би ја стопирала дискриминацијата на студентите од стручните школи.

Иницијативата била започната во име на 45.000 студенти на стручни студии од цела Хрватска, кадешто се вклучени студенти од државните и приватните универзитети и високи школи. Причината за иницијативата се нееднаквите права на студентите на стручни студии со останатите колеги од целата Европска унија.

Оваа група студенти од почеток има полоша положба на пазарот на трудот, што е недопустливо според Студентскиот парламент. Последицата од овој недостаток е поголемата невработеност на младите во Хрватска.

Главната цел на стручните студии е да ги образува студентите за стручна работа и применување практични вештини и знаења. Парадокс е баш овие студенти да не добијат добра почетна положба на пазарот на трудот. Ситуацијата станува уште побизарна кога ќе се забележи дека на англиски јазик не постои превод за титулата во прашање.

Веќе се одржани почетни разговори со Министерството за образование, наука и спорт, а до наредната недела ќе биде познат ставот за формалната иницијатива за промена на законот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование