X
 09.08.2018 Живот

Дали нуклеарните проби се причина за ретки форми на рак во еден дел од САД?



Долгоочекуваната студија за ризикот од рак за жителите на Ново Мексико, кои живеат во близина на местото каде што првпат се тестира атомската бомба, најверојатно ќе биде објавена во 2019 година, соопшти Националниот институт за рак.


Нуклеарна бомба


Портпаролот на Институтот, Мајк Левин, рече дека научниците ги испитуваат податоците за исхраната и изложеноста на радијација на луѓето што живееле во близина на полигонот каде што во текот на Втората светска војна е изведена проба со шифриран наслов „Тринити“ и дека очекуваат истражувањето да заврши на почетокот од следната година.

Левин истакна дека студијата би требало да се објави во некое научно списание до почетокот на пролетта.

Таа најава доаѓа во време кога потомците на семејствата од околните заедници вршат притисок врз Конгресот да бидат вклучени во Сојузниот закон за надомест поради изложеност на радијација. Потомците тврдат дека „Тринити“ предизвикала генерации од тие семејства да страдаат од ретки форми на рак и да имаат економски тешкотии.

Законот моментално покрива само подрачја од Невада, Аризона и Јута, кои се наоѓаат во правец на дувањето на ветрот од полигонот.

Научниците што работеле во Лос Аламос, Ново Мексико, ја развиле атомската бомба во рамките на проектот „Менхетн“, кој обезбеди збогатен ураниум за бомбата. Во тајната програма биле вклучени и постројки во Оу Риџ во Тенеси и Хенфорд во Вашингтон.

Бомбата била тестирана во пустината во близина на градови со латинско и индијанско население.

Населението не знаело дека во пробите било користено атомско оружје сè додека САД не ги фрлиле атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, со што војната завршила.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот