X
 21.07.2021 Здравје

Инфекциите со респираторни вируси во пораст во светот

Периодов се пишува за случаи на вирусна инфекција во земјава, но тие не се единствени. Случаи на настинки или вирусни инфекции се забележуваат и во САД, каде што има зголемување на случаите со аденовирус и респираторни вируси кои предизвикуваат симптоми слични на настинка, па дури и на ковид-19.

Една од позитивните работи во пандемијата беше намалувањето на случаите со други здравствени состојби, како грипот. Во САД биле хоспитализирани само 155 лица заболени од грип од 1 октомври до 30 јануари. Во истиот период претходната година биле хоспитализирани 8.633 Американци со грип.


Фото: Pexels

Но со зголеменото социјализирање без маски се појавуваат и групи лица заразени со послаби вируси, пишува „Инсајдер“. Тревод Бедфорд, биолог во истражувачкиот центар за рак „Фред Хачинсон“ кој ги анализира респираторните вируси во Сиетл, посочува дека сепак станува збор за мал број случаи на заболени од други респираторни вируси.

Џенифер Шу, педијатар, изјавила дека има зголемен број инфекции со респираторни вируси од март минатата година, што е поместување за неколку месеци во споредба со претходните години кога овие вируси се појавувале во текот на зимата.

Според неа, кај децата се забележува пораст на случаи со респираторни вируси во последниот период бидејќи тие не развиле имунитет за време на пандемијата и сега се изложени на вирусите што се појавуваат секоја година.

Забележан е и пораст на инфекции со вакви вируси кај децата и во Северна Каролина.

Извор: Insider
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје