X
 29.01.2020 Живот

Американска сојузна држава ќе дозволи емотикони на регистарските таблички?

Ребека Вајт, претставник на Вермонт во Домот на претставници, претстави закон со кој на сопствениците на автомобили би им се дозволило да користат еден од шест емотикони на нивните регистарски таблички.

Емотиконите би биле дополнение, а не замена на буквите и бројките. Тоа значи дека спроведувачите на законот нема да имаат мака.

Сè уште не е јасно кои ќе бидат шесте емотикони од кои ќе може да се избира.

Доколку законот помине, Вермонт ќе стане првата американска сојузна држава која ќе дозволи емотикони на регистарските таблички, но нема да биде прва во светот. Австралиската сојузна држава Квинсленд минатата година одобри закон со кој се дозволува истото. За оваа привилегија возачите треба да платат помеѓу 160 и 500 долари.

Моментално најскапата регистарска табличка во Вермонт чини 26 долари годишно, а цените за потенцијалните додатоци на емотикони сè уште не се откриени.
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот