X
 28.08.2015 Образование

Американските факултети добиваат бесплатна опрема за соларна енергија

Целиот свет се обидува да создаде сè повеќе енергија со помош на обновливи облици на собирање соларна енергија. Благодарејќи на нова иницијатива од голема институција за соларна енергија, факултетите и универзитетите низ САД ќе се придружат на ова еколошко движење, и тоа бесплатно.


Во медиумска објава, „Benefit corporation DC Solar freedom“ напиша дека ќе реализира планови за производство на милиондоларска соларна опрема за високите образовни институции низ целата земја, и тоа на никаков трошок за самите факултети и универзитети.

Целта на иницијативата е намалување на загадувањето од страна на образовните институции. Споменатата институција ќе обезбеди подвижни генератори на соларна енергија, полначи за електрични автомобили и надворешни светла.

Со оваа иницијатива може да се влијае и надвор од кампусите и да им се помогне на идните генерации да создадат свет кој целосно функционира на соларна енергија или било кој друг вид добивање алтернативна енергија што сè уште не бил откриен.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование