Студирањето во САД е скапо. Школарините се екстремно високи и самите Американци користат кредити за да се школуваат. Кога станува збор за странските студенти, тука се стипендиите кои се доделуваат од самите универзитети или од одредени фондации. Постојат универзитети кои приоритет им даваат на странските студенти и даваат повеќе стипендии за нив од останатите.
Финансиска
помош за странските студенти во 2013/14 понудиле 375 акредитирани колеџи и универзитети во САД за најмалку 50 студенти. Просечната стипендија изнесувала 18.790 долари. Најдобро рангираните факултети најчесто доделуваат најголема финансиска помош.
Универзитетот „Јејл“ се наоѓа на врвот со доделени просечни 56.630 долари на меѓународни студенти, но биле примени само 6,9% од пријавените кандидати. Листата од десетте факултети и универзитети кои доделиле најголема финансиска помош на студентите од другите земји во 2013 изгледа:
1. „Јејл“ - 349 студенти (просечно 56.630 долари)
2. Колеџ „Амхерст“ - 155 студенти (просечно 55.121 долари)
3. Колеџ „Вилијамс“ - 87 студенти (просечно 54.978 долари)
4. „Веслијан“ - 80 студенти (просечно 54.774 долари)
5. Универзитет во Чикаго - 80 студенти (просечно 53.637 долари)
6. Колеџ „Скидмор“ - 98 студенти (просечно 53.600 долари)
7. „Стенфорд“ - 135 студенти (просечно 53.287 долари)
8. Колеџ „Бејтс“ - 88 студенти (просечно 52.427 долари)
9. Колеџ „Тринити“ - 159 студенти (просечно 52.355 долари)
10. „Харвард“ - 540 студенти (просечно 51.854 долари)