Шошана Овиц, Еврејка што го преживеа Аушвиц, го прослави својот 104. роденден на Ѕидот на плачот во Ерусалим, заедно со речиси 400 свои потомци и роднини.
Како што соопшти израелската Амбасада во Берлин, Овиц како роденденски подарок посакала да се соберат сите нејзини деца, внуци и правнуци кај Ѕидот. „Дојдоа речиси сите“, се наведува во објава на твитер-профилот на Амбасадата.
По Втората светска војна, додека ги барала своите роднини по светот, Овиц го запознала и идниот сопруг кој во холокаустот ги изгубил сопругата и четири деца. Се венчале и првото дете го добиле во бегалски камп во Австрија. Подоцна се преселиле во Израел каде што имале уште четири деца.
Извор: МИА