Жените чуварки во нацистичките логори не се толку познати како мажите, но тоа не значи дека биле помалку сурови. Некои од нив предизвикувале поголем страв од другите чувари, а од околу 37.000 чувари кои активно учествувале во претепувањето, мачењето и убивањето на затворениците, околу 10 отсто биле жени.
Поголемиот дел од нив не успеале да ѝ побегнат на правдата, па биле погубени после војната како воени злосторнички, а една од најлошите била
Ирма Грезе, чуварка во логорите во Аушвиц и Берген-Белсен. Ја нарекувале „хиена“, а понекогаш и „убавата ѕверка“, а надимакот го добила заради бруталните методи што ги применувала врз затворениците.
Сведоци на судењето раскажувале дека луѓето ги тепала до смрт. Нејзиниот „заштитен знак“ бил камшикување со кожен камшик. Затворениците ги удирала врз гола кожа додека не им испукала.
Грезе имала и нарушено ментално здравје. Нејзиното потекло било од семејство кое имало историја со душевни болести. Мајка ѝ извршила самоубиство пиејќи киселина, откако разбрала дека сопругот ја изневерувал со куќната помошничка.
Таа не била многу интелигентна, па на 14-годишна возраст го напуштила училиштето, каде што често била вознемирувана од другите деца, по што се зачленила во нацистичката младина, „Лига на германските девојки“. За кратко време им се допаднала за водачите, па во 1942 година ја поставиле за чуварка во Аушвиц.
Позната била по тоа што откако ќе ги искамшикувала затворениците, обожавала да мастурбира додека лекарите им ги преврзувале повредите што им ги нанесувала.
Во една од таквите афери останала трудна, но го натерала еден од затворениците, кој патем бил лекар, да ѝ направи абортус. Против Ирма на судењата сведочеле голем број поранешни заробеници, кои раскажувале дека таа често знаела да им ги пушти агресивните и прегладнети кучиња.
Ирма Грезе била осудена на смрт со бесење, а нејзиното судење траело 53 дена.