X
 08.02.2022 Живот

98-годишна баба што го преживеа холокаустот стана ѕвезда на „Тик-ток“

Лили Еберт е 98-годишна баба која стана ѕвезда на „Тик-ток“. Таа одлучила да се приклучи на социјалната мрежа за да го сподели своето животно искуство како лице што го преживеало холокаустот. Лили веќе има над 1,7 милион следбеници.

- Не бев сигурна дали воопшто ќе преживеам. Вистинско чудо е што преживеав, но си ветив себеси дека што и да правам во животот и каде и да бидам, едно е сигурно, ќе зборувам за моето искуство додека сум жива - изјавила Лили.

Таа била родена во Унгарија, а била однесена во концентрациониот логор „Аушвиц“ кога имала 20 години. Таму починало целото нејзино семејство, а од нив има само неколку фотографии.

- Она што таму се случуваше не можевме да го замислиме ниту во најлошите кошмари - изјавила таа.

@lilyebert ♬ Schindler's List - Movie Theme - Michele Garruti


Лили отсекогаш знаела дека сака да ја сподели својата приказна со светот, а за да го направи тоа преку „Тик-ток“ ѝ помогнал нејзиниот 18-годишен правнук во 2020 година. Луѓе од целиот свет ја следат Лили. Видеото во кое таа ја покажува тетоважата со идентификацискиот број било прегледано од над 21 милион луѓе.

- Мојот број беше А-10572. Тоа бев јас. Повеќе не бевме луѓе, бевме броеви и како такви нѐ третираа - раскажала Лили.

@lilyebert Pregnant women in Auschwitz 💔🥺 #holocaustsurvivor #learnontiktok #heartbraking #97yearold #greatgrandma #neverforget #strongwoman #hungarian #germany #jew #jewish #oldperson #important #sostrong ♬ Schindler's List - Movie Theme - Michele Garruti


Во едно видео, корисник на мрежата ја прашал Лили што била првата работа што ја направила откако била ослободена.

- Легнав на под и заспав. Бев многу гладна, но повеќе бев уморна бидејќи таму беше невозможно да се спие - одговорила таа, додавајќи дека вечерата во логорот се состоела само од едно парче леб.

Извор: Klix
Фото: Tik-tok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот