X
 09.08.2020 Наука

Фасцинантна анимација покажува како кружат планетите во Сончевиот Систем

Познато е дека Сонцето е центарот на нашиот Сончев Систем и сите планети кружат околу него. Но, тоа не е сосема точно бидејќи планетите, заедно со Сонцето кружат околу тежиштето на нашиот Сончев Систем.

Џејмс Одоног, планетарен научник во Јапонскиот центар за вселенски истражувања (ЈАХА) објаснува дека сè орбитира околу тежиштето на Сончевиот Систем, дури и Сонцето. Тој споделил фасцинантна анимација направена со помош на податоци од НАСА за да покаже како планетите и Сонцето кружат околу тежиштето на нашиот Сончев Систем.


Фото: Freepik

Сонцето е центарот на нашиот Сончев Систем, но центарот на Сонцето не е лоциран точно во тежиштето на Сончевиот Систем. Поголемиот дел од останатата маса во Сончевиот Систем, која најмногу ја сочинуваат планетите како Јупитер и Сатурн, влијае на Сонцето со гравитациската сила.

Како што објаснува Одоног, велиме дека кружиме околу центарот на Сонцето, но тоа се случува ретко бидејќи тежиштето на Сончевиот Систем ретко одговара со центарот на Сонцето.



Извор: mashable.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука