X
 09.08.2020 Живот

Интернетот е воодушевен од руското курзивно пишување со рака

Ова е за нашите драги наставници од основно образование кои постојано нè предупредуваа за нашиот лош ракопис. Ако ракописот на лекарот не е доволен доказ дека секогаш може да биде полошо, тогаш погледнете го рускиот начин на пишување ракописни букви.

Кога твитер-корисникот Кристијан сподели неколку слики, интернет-корисниците беа воодушевени од рачно напишаните ракописни букви. Наскоро, голем дел од твитер-корисниците почнаа да споделуваат свои примери на руски ракопис.

Како ракописните букви да не се доволно тешки, руските ракописни букви се едно сосема ново ниво.

1

Наташа Александрова, натавничка по руски јазик тврди дека учењето курзивно пишување ви дава поглед кон рускиот начин на пишување.

- Секој Русин кој одеше на училиште, со задоволство ќе се потсети на училишните години кога користеа Прописи и учеа како рачно да пишуваат (некои имаат убави спомени, додека други се сеќаваат дека ги препишувале тие писма милиони пати, сè додека не беа совршени), но секој имаше вакво искуство - вели таа.

6

2

Очигледно, рачното пишување е дел од растечкиот процес во руската култура и учењето и тоа претставува важна пресвртница во образованието и развојот на детето.

Ракописното пишување е толку популарно во Русија, што луѓето сè уште пишуваат писма, разгледници, рецепти, адреси и списоци за пазарење.

4

5

Ако планирате да ја посетите Русија, Наташа вели дека ќе наидете на рачно напишани знаци, па дури и имиња на продавници, станици и други важни работи испечатени во фонотви што го имитираат рачно напишан ракопис.


Извор: Bored Panda
Фотографии: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот