X
 17.07.2018 Здравје

Левораките деца треба порано да се учат да пишуваат

Родителите на левораките деца би можеле да им помогнат учејќи ги да цртаат и да пишуваат, соопштило Германското советувалиште за левораки луѓе.

Хартијата треба да ја поставите од левата страна на детето под агол од 30 степени надесно, раката би требало да му биде поставена веднаш под линијата предвидена за пишување, додека детето со десната рака треба да го придржува десниот раб на хартијата.

Германската организација „Зелен крст“ нагласува дека родителите никако не смеат своите левораки деца да ги учат да пишуваат со десна рака, затоа што тоа би можело негативно да влијае врз нивната концентрација и би предизвикало психолошки проблеми.

Леворакоста може лесно да се открие набљудувајќи со која рака детето првенствено и спонтано ќе посегне по играчката.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје