При археолошки ископувања во Северозападна Турција е откриен прибор за пишување стар околу 1.800 години.
На археолошкото наоѓалиште Асос, познато и како Бехрамкале, на кое се наоѓала една од значајните населби-пристаништа во времето на Римското Царство, порано биле откриени остатоци од древен театар и остатоци од ѕидови.
фото извор: Anadolija/ Burak Akay
Професорот Нуретин Арслан, водич на екипата, изјавил дека пронајдениот предмет, долг инструмент од бронза, има една остра и една порамна страна. Според него, инструментот бил користен за пишување, пресметување и забележување, првенствено на восочни табли. Во тогашно време и тие околности писменоста не била одлика само на слободните и богатите, туку пишувале и читале и робовите.
Професорот потсетува дека
археолозите на истото наоѓалиште порано откриле делови од вазна кои датираат од пред 2.500 години.