X
 09.08.2021 Технологија

„Спејс Екс“ ќе лансира сателити на кои ќе бидат прикажувани реклами

„Спејс Екс“ соработува со канадска технолошка стартап-компанија за да лансира дигитален билборд во орбитата. Самјуел Рајд, главен извршен директор и еден од основачите на канадската „Џиометрик енерџи корпорејшн“ изјавил за „Бизнис Инсајдер“ дека соработува со „Спејс екс“ за да нуди вселенски маркетинг.

Компанијата е во процес на изработка на сателит кој од едната страна ќе има екран на кој ќе бидат прикажувани реклами. Салетитот ќе биде лансиран на ракета на „Спејс Екс“, која ќе го однесе во орбитата.

Во орбитата, селфи-стик прикачен на сателитот ќе го снима екранот, а ова видео ќе биде прикажувано во живо на „Јутјуб“ или „Твич“, за секој да може да ја види рекламата во секое време.

Сателитот ќе биде лансиран на почетокот на 2022, според Рајд. Луѓето ќе може да купат реклами со криптовалути, но засега не се знае колку ќе чини една реклама.

Извор: Business Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија