X
 02.09.2020 Наука

Видео од спектакуларно распаѓање на стар сателит на НАСА во атмосферата

Сателитот „ОГО-1“ на НАСА претставува артефакт од мината ера на вселенски истражувања. Тој бил испратен во орбитата во 1964 година и имал мисија да ја истражува магнетосферата на нашата планета. Неговото децениско патување околу Земјата заврши во текот на викендот кога конечно се врати во нашата атмосфера и се распадна. Направено било видео од последните моменти.


Фото: NASA

Мисијата на сателитот официјално завршила во 1971, но тој останал во орбитата како вселенски отпад. Тој повторно им го привлекол вниманието на научниците на 25 август кога бил забележан при пребарување астероиди. Истражувачите откриле дека не бил астероид, туку заборавен сателит.

Сателитот се распаднал во атмосферата некаде над островот Тахити, а било направено видео од распаѓањето.


Била направена и фотографија при неговиот влез во атмосферата со помош на телескоп.



Не постоело опасност за предизвикување штета при влезот во атмосферата. Сателитот е потсетник дека во орбитата има вселенски отпад кој само се зголемува. Истражувачите бараат начин како да го решат проблемот, но ќе помине долго време пред да успееме да го исчистиме вселенскиот простор околу Земјата.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука