„Исланд“ е британски синџир на маркети познат по многуте замрзнати оброци и доби огромно внимание од медиумите поради причини што воопшто не се поврзани со храна.
Божиќната приказна на овие супермаркети нема да биде прикажувана на телевизија бидејќи е оценета како „премногу политичка“.
Супермаркетот не успеа да ја добие поддршката од регулаторите со краткиот филм „Ранг-тан“, кој прикажува приказна за кратењето на шумите предизвикано од производството на палмино масло.
Тоа што рекламата нема да се емитува значи и дека помалку луѓе ќе бидат свесни за шокантното кратење на шумите во Југоисточна Азија, при што се уништуваат живеалиштата на орангутаните.
Во цртаниот, мало девојче е придружено од слатко мало орангутанче кое се вознемирува кога ќе најде производ за нега на коса во кој има палмино масло. Малото орангутанче е прогонувано од спомени од луѓе што го уништуваат неговиот дом.
Рекламата завршува со едноставна порака дека по 25 орангутани умираат секој ден.
- Додека влијанието на производството на сето палмино масло нема да се спушти на нула загуба на дождовната шума, го отстрануваме од сите наши производи - пишува на крајот од рекламата.
Рекламата, која сега ќе може да се види само на социјалните мрежи, наводно чинела повеќе од половина милион фунти.
- Во текот на 2018 година ја наведувавме малопродажната индустрија да дејствува во области како уништување на дождовни шуми за палмино масло и загадување на нашите океани со пластика. Оваа година сакавме да направиме нешто поразлично со нашата божиќна реклама. Кулминацијата на нашиот проект за палмино масло им нуди на нашите потрошувачи можност да изберат Божиќ кој е пријателски за орангутаните и ние сакавме тоа да го изразиме во нашата реклама. Иако нашата реклама, за жал, никогаш не стигна до телевизиските екрани, се надеваме дека нашите потрошувачи ќе се приклучат на социјалните медиуми за да го погледнат филмот кој ја зголемува свеста за важно глобално прашање - истакна генералниот директор на
компанијата, Ричард Вокер.
Погледнете ја рекламата: