Ирачкиот медиумски регулатор им нареди на сите медиуми да престанат да го користат зборот „хомосексуалност“ и наместо тоа да го користат терминот „сексуална девијација“.
Ирачката Комисија за комуникации и медиуми објави дека е забранета и употреба на терминот „род“.
На сите лиценцирани телефонски и интернет-компании им е забрането да ги користат тие термини во која било од нивните мобилни апликации. Ирак експлицитно не ги криминализираше хомосексуалните односи, но моралните клаузули во кривичниот законик се користат против ЛГБТ-заедницата.
Во последните два месеци, големите ирачки партии ги засилија критиките за правата на ЛГБТ, а знамињата со виножито редовно се палат на протестите на фракциите на шиитски муслимани кои реагираа на неодамнешното палење на Куранот во Шведска и Данска.
Извор: МИА