X
 17.11.2016 Култура

Древниот асирски град Нимруд е уште една жртва на Исламската Држава


Древниот асирски град Нимруд во Ирак, што минатата недела ирачките сили го презедоа од џихадистите, е сериозно оштетен, јави агенцијата АФП од местото на настанот.

Мотиви од асирскиот град Нимруд во Ирак

Бројни статуи се искршени и паднати на земја, уништена е обновената палата и урнат е зигуратот, древен храм-кула со висина од околу 50 метри.

Ирачките сили соопштија дека во неделата го ослободиле историскиот локалитет Нимруд од џихадистите во офанзивата за преземање на Мосул, што се наоѓа на 30-тина километри од античкиот град.
Нимруд или Калху е антички асирски град, лоциран јужно од Нинива, на реката Тигар, и се простира на 16 квадратни милји.

Асирскиот крал Шалманасар Први го изградил Нимруд кој постоел илјада години, а станал гравен град во 13 век пред Христос.



Градот ја доживеал најголемата слава за време на кралот Асурназирпал Втори околу 880 година пред новата ера. Тој повторно го прогласил Нимруд за престолнина.

Ископувањата откриле значајни барелјефи, украсни предмети од слонова коска и скулптури.

Статуата на Асурназирпал Втори била во одлична состојба, исто така и колосалните крилати лавови со човечка глава, што го чувале влезот во палатата.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура