X
 13.09.2021 Наука

Четири фактори што одредуваат дали вакцинирано лице ќе се зарази со ковид-19

Многу истражувања покажуваат дека за разлика од невакцинираните, вакцинираните се изложени на многу помал ризик од хоспитализација доколку се заразат.

Веб-страницата Scitechdaily.com издвојува четири фактори што влијаат врз тоа колку добро сте заштитени со вакцината.

Видот на вакцина


Секоја вакцина е добра, повторуваат експертите, со тоа што некои едноставно имаат малку подобар процент на ефективност, односно поуспешно го блокираат развојот на болеста. Истражувањата покажаа дека вакцината „Фајзер“ го намалува ризикот на лицето да развие симптоматска форма на ковид-19 до 95 отсто.

Вакцината „Астра зенека“ е нешто подолу, околу 81 отсто, под услов интервалот помеѓу двете дози да е подолг.

Време поминато од вакцинацијата

Давањето трета, засилувачка доза е сѐ поактуелно бидејќи се покажа дека времето што поминало од вакцинацијата влијае врз нашата заштита од ковид-19. Истражувањата што допрва треба да се потврдат велат дека ефектот на вакцината „Фајзер“ исчезнува по шестмесечна вакцинација. Прерано е да се каже колку заштита ни обезбедуваат вакцините по шест месеци откако ги примивме.

vakcina
Фото: Freepik

Соеви

Колку вакцината ќе нѐ заштити, зависи и од тоа на кој вид корона сме изложени.

Вакцините главно се базираат на податоци за оригиналниот алфа-сој и, на пример, ефикасноста на „Фајзер“ кај делта-сојот се намалува од 95 на 88 отсто. Но, и тоа е подобро од нула, што е ситуацијата со невакцинираните.

Значи, ако сте целосно вакцинирани со „Фајзер“, шансите се околу 88 отсто дека нема да се заразите со делта-сојот.

Имунолошки систем

Сето погоре кажано на крајот е проследено со нашиот имунитет. Сите ние сме различни и секое тело различно реагира на сѐ, дури и на вируси.

Имунитетот опаѓа со возраста, а хроничните болести можат да го намалат ефектот на вакцината што сте ја примиле.

Постарите возрасни лица и оние со нарушен имунитет може да развијат послаба заштита од вирусот по вакцинацијата отколку целосно здравите луѓе, или нивната заштита може да помине побрзо.

Генерално, вакцините во голема мера го намалуваат ризикот да се заразиме со ковид-19 и во голем процент го намалуваат ризикот од хоспитализација и смрт.

Извор: Scitechdaily.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука