„Нетфликс“ конечно го објави долгоочекуваниот датум на излегување на серијата „Сто години самотија“, базирана на книжевното ремек-дело на Габриел Гарсија Маркез.
Оваа колумбиска серија, која ја следи приказната за магичниот град Маконда и семејството Буендија, ќе биде достапна на платформата од среда, 11 декември. Покрај датумот на објавување, „Нетфликс“ објави и трејлер, обезбедувајќи поглед на волшебните сцени и нè воведува во приказната преку ликовите на Хозе Аркадија Буендија (Марко Гонзалес) и Урсула Игуаран (Сузана Моралес) додека трагаат по среќата.
Серијата ќе има 16 епизоди и ќе биде поделена во два дела од по осум епизоди. Првиот дел ќе пристигне на 11 декември, додека датумот на излегување на вториот дел допрва треба да биде објавен. Исто така, првите две епизоди од серијата ќе бидат премиерно прикажани на филмскиот фестивал во Хавана на 6 декември.
Магичен реализам на екранот: приказна што маѓепсува
Заплетот ги следи Хозе и Урсула кои, и покрај противењето на семејството, стапуваат во брак и го напуштаат своето село во потрага по нов дом. Заедно со група пријатели и авантуристи, нивното патување завршува со формирање утописки град на брегот на река украсен со праисториски камења, кој тие го нарекуваат Макондо. Низ генерациите, семејството Буендија ја обликува судбината на ова митско место, исполнето со лудило, невозможни љубови, крвави и апсурдни војни и страшно проклетство што ги осудува на стогодишна осаменост.
Зошто треба да ја гледате серијата?
Оваа серија ветува дека ќе биде едно од најамбициозните достигнувања во историјата на латиноамериканската продукција. Покрај тоа што е снимен на шпански во родната Колумбија на Маркез, има поддршка и од семејството на познатиот автор. Улогите ги толкуваат исклучителни актери, меѓу кои Клаудио Катањо, Леонардо Сото, Карлос Суарез, Морено Борха, Виња Мачадо и Ела Бецера. Режијата ја потпишуваат Алекс Гарсија Лопез и Лаура Мора.
Трејлер што го одзема здивот
Првиот официјален трејлер за серијата открива неверојатни сцени кои ги спојуваат реалното и надреалното, верно пренесувајќи го духот на магичниот реализам по кој е познат романот. Гледачите веќе можат да ја почувствуваат длабоката емоционална и визуелна моќ на приказната, која ветува дека ќе го задржи вниманието дури и на најпребирливата публика.
Извор:
Ultra.ba
Фото: Screenshot/YouTube