Во рускиот град Свободни во амурската област се урна мост над главната магистрална железница што ја поврзува Москва со Далечниот Исток.
Според руските медиуми, едно лице е повредено при уривањето на мостот.
Во моментот на уривање преку мостот поминувал камион, а возачот се здобил со повеќе повреди и е хоспитализиран.
Се претпоставува дека мостот паднал поради исклучително тешкиот товар што го превезувал камионот.
Локалните власти соопштија дека спасувачки екипи се на терен за да укажат помош, а во градот е воведена вонредна состојба.
Извор: МИА