Русија откри дека нејзиното хиперсонично оружје - „Авангард“ - сега е оперативно, со што руската војска стана првата што поседува нова класа на нуклеарно оружје од кое другите војски моментално не можат да се одбранат.
САД и Русија со години работат на хиперсонични оружја и веста дека некоја од овие две земји создала такво оружје - особено пред да се најде начин за одбрана од него - е особено загрижувачки знак за иднината на војувањето.
„Авангард“ може да патува 27 пати побрзо од звукот и брзо да маневрира за да избегне системи за одбрана од проектили кои би се обиделе да го блокираат. Оружјето ќе биде поставено на интерконтинентални балистички проектили кои, како дел од иницијатива за транспарентност, Русија неодамна ги демонстрира пред американски инспектори.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу најави дека „Авангард“ е оперативен, на состанок со рускиот претседател Владимир Путин и неколкумина воени лидери.
Според светските
медиуми, со ова Путин му покажува на остатокот од светот дека Русија отиде чекор напред во глобалната трка за вооружување.