X
 05.04.2020 Живот

Шимпанза се растажиле зашто никој не ги посетува, па сега ги лекуваат со цртани филмови

Шимпанзата во една руска зоолошка градина гледаат цртани филмови за да се излекуваат од „депресијата“. Имено, поради пандемијата на новиот коронавирус, комуникативните мајмуни сега немаат друштво бидејќи целиот Парк на природата е затворен за посетители.

Шимпанзата близнаци Тикон и Анфиса многу се растажиле откако луѓето одненадеж престанале да одат во зоолошката во Краснојарск, велат чуварите.


Фото: National Geographic

- Откако видовме како тагуваат, одлучивме да ставиме телевизор на ѕидот пред нив и почнавме да им пуштаме цртани филмови. Омилен цртан им е еден за исцрпен мајмун кој живее во зоолошка градина, можат да го гледаат нонстоп - вели директорот Андреј Горбан.


Извор: National Geographic
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот