Играта е природен начин на самоизразување и комуникација и е потребна за здрав развој на детското емоционално, физичко, социјално и когнитивно функционирање. Низ игра децата учат, играта е право на детето, според Конвенцијата за права на децата. Играта им овозможува на родителите воспитно да ги учат децата на добро однесување, на правила на однесување во општествената заедница и во односите со другите луѓе во нивното опкружување (роднини, пријатели, соседи).
Идеи за игри, за тоа како да се одбере соодветна играчка и совети за родителите на децата со попреченост пишуваат Соња Гаврилова, психолог и Зага Колодезни, специјален едукатор дефектолог.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.