X
 09.12.2015 Образование

Задачи за деца кои не можат да ги решат нивните родители

Понекогаш, домашните задачи се решаваат од страна на целото семејство поради тежината на задачата. Понекогаш, пак, родителите не можат да ги решат задачите кои на детето му се лесни. Следниве детски математички задачи се пример за тоа. Обидете се да ги решите.


Паркинг

Оваа едноставна задача ја решаваат децата во Хонг Конг, и тоа при тргнување на училиште. Кое паркинг место се крие под автомобилот?


Четирицифрени броеви

Децата во градинка го решаваат ова за 5-10 минути. Програмерите за еден час.


Пирамиди од броеви

Внимателно проучете го распоредот на броеви. Кои броеви се кријат под D и Е?


Кутија со чоколади

Ова е задача за деца на возраст од 12-13 години во САД. Во кутија има 50 чоколади. Од нив, 30 се со карамел, 25 со кокос, 10 со карамел и со кокос, а останатите не се полнети. Кој од овие дијаграми точно го претставува составот на кутијата со чоколади?


Одговори

Задача 1: Свртете ја сликата наопаку.

Задача 2: 2581=2

Во секоја група од 4 бројки треба да се изброат круговите. На пример, бројот 6 има еден круг, бројот 8 има две...

Задача3: D=1345; E=2440.

Најпрвин треба да се соберат два броја во долниот ред: 198+263=461. Добиениот збир е поголем од бројот во зададеното поле: 461>446. Одземете го помалиот број од поголемиот: 461-446=15. На ист начин пресметајте ги и другите парови.

Задача 4: Дијаграмот под Б.

Колку чоколади има со карамела? 30-10=20.
  
Колку чоколади се со кокос? 25-10=15.

Колку чоколади кои не се полнети остануваат? 50-(20+15+10)=5.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование