Камуфлажната облека доби нова дефиниција. Фотографот Џозеф Форд пет години работел на проектот
заедно со талентираната Нина Дод. Резултат се фотографиите што интригираат како своевидни оптички илузии.
- Проектот почна кога ми покажа џемпер инспириран од седиштата во автобусите во Брајотн. Тоа ми изгледаше како предобра шанса, па најдовме модел и го фотографиравме во автобус. Бев толку задоволен од резултатот, што смислив уште идеи за камуфлажни џемпери и така настана целата серија на фотографии - наведе
Форд.