Ритмичкото темпо на плетење си ја врши својата работа, а за време на оваа интересна работа личноста како да паѓа во транс. Рацете се зафатени, главата е ослободена од непотребни мисли, а свеста е во стабилната состојба на рамнотежа.
Плетењето е контемплативна пракса на медитација и концентрација. хоби што ги собира милиони жени ширум светот. Неврологијата го призна плетењето за нова јога, ете толку е силно влијанието на оваа работа за љубителите.
Јога за мозокот, звучи фасцинантно нели?
За време на една студија во која учествувале над 4000 учесници, љубители на плетењето од целиот свет, се докажало дека за време на плетењето многу често се јавувала состојба на среќа. Релаксацијата, ослободувањето од стрес, чувство на самореализација, стануваат достапни за луѓето, кои се занимаваат со изработка на ваков артефакт.
Дали сте знаеле дека ако плетите барем 3 пати во неделата, нивото на анкциозност и стрес значително ќе се намалат? Тоа неверојатно делува на емоционалната сфера, има ефект на смирување и придонесува за долгоочекувано чувство на рамнотежа. Исто така ќе чувствувате позитивни промени во различните области на животот.
Придобивки од плетењето:
Ја подобрува менталната состојба. Ги решава проблемите со менталното здравје, а се зголемуваат вашите духовни ресурси.
Вниманието и концентрација ќе станат ваш постојан придружник.
Развој на фината моторика, а новостекнатите способности ќе ви овозможат да работите домашна работа, за која претходно немавте волја.
Креативноста ќе се развива и ќе ве радуваат неочекуваните настани.
Само-проценката ќе постигне ново ниво-чувство на гордост за добро завршена работа и сигурност во својата сила, а освен тоа ќе имате поголема самодоверба.
Едноставен начин да се развие трпение и упорност. Ништо нема да ве исфрли од рамнотежа.
Меморијата ќе се подобри, а вашиот мозок ќе работи многу побрзо.
Овие предности што ги дава плетењето не може да се споредат со ништо што го пружаат другите хобија. Многу научници веруваат дека плетењето им помага на жените во староста да останат смирени и да продолжат со животот. Депресијата и анкциозноста може да се победат со помош на плетењето, а во тешки времиња ова хоби ќе стане спас од разни грижи.
SaveSave